ОПШТИ ГАРАНТНИ УСЛОВИ:


За производ купен од ОТО Мебел Маркет, производителот дава гарантен рок од 12 месеци.

Производителот гарантира дека во гарантниот рок на свој трошок ќе ги поправи сите недостатоци на производот.

Ако производителот не го поправи производот во наведениот рок, купувачот има право да бара од производителот да го замени рекламираниот производ со нов.

Наведениот рок за отстранување на грешките и недостатоците во гарантниот рок е 20 дена откако производителот ќе ја добие рекламацијата.

Право на рекламација се добива со правилно пополнување на гарантниот лист и со приложување на сметка дека е платен производот. Откако ќе ја прими рекламацијата, производителот веднаш ќе превземе се што е потребно за навремено решавање на проблемот, за што купувачот ќе биде известен.

 

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:


Право на рекламација немаат производите кои се оштетени при нестручна монтажа и при секое друго физичко оштетување.

 

ОДРЖУВАЊЕ:


За правилно одржување и правилно користење на мебелот доволно е дрвените делови да се чистат со сува крпа, а тапацираните со четка или правосмукалка. Останатите делови дозволено е да се чистат со средства кои се наменети за чистење на тие површини, при што потребно е да се придржувате на упатствата за употреба на тие средства.

 

ОТО Мебел Маркет се залага дека потрошувачот ги има законските права кои произлегуваат од националното законодавство кое ја регулира продажбата на производите и дека овие права не се загрозени со гаранцијата.